Достапни линкови

СДСМ и Груевски се предупредија да нема инциденти за буџетот


СДСМ е подготвена за суштинска дебата и за соочување со факти и аргументи околу трошењето на буџетските пари, како и за работа согласно собранискиот Деловник, Законот и Уставот.

Ова е реакцијата на опозициската партија по денешната изјава на премиерот Никола Груевски во која тој изрази надеж дека настаните од 24 декември минатата година нема да се повторат и дека опозицијата извлекла поука од тоа.

„Ако некој сака да не се повторат минатогодишните настани во Собранието, тоа е СДСМ и нејзината пратеничка група. Се надеваме дека Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ сфатиле дека во Парламентот треба да се одвива дебата по сите прашања, особено за тоа како да се трошат парите на граѓаните, пишува во соопштението на оваа партија.
XS
SM
MD
LG