Достапни линкови

logo-print

Русија - запленет имотот на браќата Навални


Алексеј Навални

Алексеј Навални

Судот во Москва нареди запленување на имотот во сопственост на опозиционерот Алексеј Навални и неговиот брат Олег.
Портпаролката на Окружниот суд во Москва, Наталија Романова, денеска изјави дека средствата им се запленети како оштета во судските случаи со кои браќата се соочуваат.
Алексеј и Олег Навални се обвинети за проневера и перење пари во руската филијала на Ив Рошер. Во октомври, руски суд го осуди Навални на пет години условна казна.
XS
SM
MD
LG