Достапни линкови

СДСМ - социјални мерки и можност да се докупи пензиски стаж


Претседателот на опозициската СДСМ Зоран Заев, денеска презентира мерки од програмата на партијата во областа на социјалната политика, со оценка дека над 30 проценти од граѓаните денес живеат во тешка сиромаштија, а најбогатите 20 отсто располагаат со доход колку и сите останати 80 проценти од граѓаните.
Мерките, меѓу другото, вклучуваат можност за докуп на стаж и воведување на државна социјална пензија за граѓаните кои се постари од 65 години, но кои не примаат пензија, бидејќи не го исполнуваат законскиот минимум, како и определување на висината на пензијата, зависно од промената на трошоците на животот, а помалку од промената на платите.
Дел од мерките е и зголемување на социјалната помош за 40 отсто во рок од четири години и донесување посебен закон за правата на лицата со посебни потреби.
XS
SM
MD
LG