Достапни линкови

Судири на анти-владините протести во Софија


Студентите кои протестираат во Софија пред бугарскиот парламент со барање за оставка на владата, денеска се судрија со полицијата. Најмалку двајца демонстранти биле повредени, а неколкумина биле уапсени, јавија бугарските медиуми. Бугарската влада, предводена од Социјалистичката партија, од доаѓањето на власт во мај, речиси секојднeвно се соочува со улични протести. Главна причина е корупцијата и животниот стандард. Студентите денеска се обидоа да формираат жив синџир околу парламентот.
XS
SM
MD
LG