Достапни линкови

logo-print

Лидерите на ЕУ во Париз расправаат за невработеноста на младите


Европските лидери, денеска во Париз расправаат за проблемот со големата невработеност на младите што доведува до социјални тензии и популизам. Околу 24 лидери, меѓу кои и францускиот претседател Франсоа Оланд, германската канцеларка Ангела Меркел, премиерите на Шпанија и на Италија, претседателот на Европската комисија, Жозе Мануел Баросо, ќе дебатираат за мерки за отворање работни места за младите. Во Германија невработеноста меѓу младите до 25 години е 7,7 насто, но во Франција тој процент е 25 насто, додека најголема невработеност на младите има во Грција и во Шпанија, околу 50 насто. Во јуни, лидерите на ЕУ договорија фонд од 6 милијарди евра за вработување на младите во наредните две години, а се очекува слична сума за истата намена да издвои и Европската инвестициска банка.
XS
SM
MD
LG