Достапни линкови

logo-print

Над 680 амандмани на предлог буџетот за 2014-та


Собраниската Комисија за финансирање и буџет од утре ќе започне со разгледување на Предлог-буџетот за 2014 година и 684-те амандмани поднесени од опозициските партии. Рокот за поднесување амандмани заврши вчера.
Најмногу амандмани за буџетот за идната година има поднесено СДСМ - 316, НДП 178, ДПА 150, ПЕИ 33 и НСДП седум.
Се очекува претседателот на Комисијата за финансирање и буџет Марјанчо Николов, според најавите, да одржи координација за текот амандманската расправа.
XS
SM
MD
LG