Достапни линкови

Русија бара извинување од Полска


Руското министертво за надворешни работи побара официјално извинување од Полска откако полски националисти ја нападнаа руската амбасада во Варшава за време на маршот по повод денот на независноста. Москва исто така бара надомест на штетата, казнување на виновниците и спречување на идни слични инциденти. Денеска во Москва бил повикан полскиот амбасадор на кого му бил врачен протест. Полското министертво за надворешни работи го осуди инцидентот во Варшава, соопштувајки дека нема оправдување за хулиганизмот. Крајно десничарски полски демонстранти фрлале петарди кон руската амбасада, при што предизвикале и пожар, а се обидувале да влезат. Околу 10-мина од демонстрантите биле уапсени.
XS
SM
MD
LG