Достапни линкови

logo-print

Уапсените активисти на Гринпис префрлени во Санкт Петербург


30-те активисти на Гринпис, кои беа уапсени во септември во Русија поради протестот на платформата на Газпром во Арктикот, од Мурманск, со воз денеска биле пренесени во Санкт Петербург. На железничката станица имало засилени мерки за безбедност. Активистите беа обвинети за пиратство, а потоа за хулиганизам. Портпаролката на Гринпис во Русија, Марија Фаворскаја изјави дека се прават напори за ослободување на активистите со легални мерки, но оти сеуште нема од судот формален документ за што точно се обвинети.
XS
SM
MD
LG