Достапни линкови

Египет е најлоша земја во арапскиот свет за жените


Египет е најлошата земја во арапскиот свет во врска со правата на жените, се вели во заклучоците од истражувањето на фондацијата Ројтерс Томсон. Притоа, меѓу другото, биле земени предвид сексуалните малтретирања и насилството врз жената. Според извештајот на Обединетите Нации од април годинава, 99,3 отсто од жените и девојчињата во Египет се изложени на сексуални малтретирања. Втора најлоша земја за жените е Ирак, а потоа следуваат Саудијска Арабија, Сирија и Јемен.
XS
SM
MD
LG