Достапни линкови

Иран демантира дека не сака договор за нуклеарната програма


Од преговорите во Женева

Од преговорите во Женева

Иранскиот министер за надворешни работи Џавад Зариф го критикуваше американскиот државен секретар Џон Кери за неговата оценка дека Техеран се повлекува од можен договор со светските сили за нуклеарната програма. Зариф на Твитер напишал дека не е виновен Иран што на преговорите во Женева не беше прифатен предлогот за надминување на несогласувањата. Кери претходно изјави дека Техеран не го прифатил предлогот. Наредната рунда преговори меѓу Техеран и 6-те светски сили е закажана за 20-ти овој месец.
XS
SM
MD
LG