Достапни линкови

САД испратија носач на авиони за помош на Филипините


САД испратија носач на авиони и 20 милиони долари како итна хуманитарна помош за Филипините, каде се стравува дека над 10 000 луѓе загинаа од тајфунот Хаијан. Брод со околу пет илјади морнари и осумдесет авиони ќе биде придружуван од уште пет други бродови кои треба да пружаат хуманитарна помош и медицинска грижа.
САД се една од многуте држави кои испратија десетици милиони долари за помош на Филипините. Обединетите Нации објавија дека 660 илјади Филипинци ги напуштиле свите домови поради тајфунот.
XS
SM
MD
LG