Достапни линкови

Ирански рок музичари застрелани од нивен колега во Њујорк



Полицијата во Њујорк соопшти дека двајца членови на иранскиот рок бенд "Жолти кучиња" биле застрелани од друг ирански музичар кој подоцна се самоубил. Третиот музичар од бендот добил повреди во вчерашното насилство. Сите лица кои биле инволвирани во инцидентот се со иранска националност и живееле во САД.
Менаџерот на бендот Али Салехезадес изјави дека човекот кој пукал исто така бил музичар и немал пријателски односи со убиените. Убиените музичари од бендот Жолти кучиња се браќата Араш и Сороуш Фаразаманд.
XS
SM
MD
LG