Достапни линкови

Децата во Сирија се заразени со вирус од Пакистан


Светската Здравствена Организација соопшти дека вирусот на детска парализа од кој се заразени 13 деца во Сирија е поврзан со вирусот од Пакистан. СЗО соопшти дека вирус на полио е регистриран и во Израел, Западниот Брег и Газа. Агенцијата на Обединетите нации објави дека во план е вакцинација на повеќе од 20 милиони деца на Блискиот исток, по ширењето на вирусот во Сирија која е зафатена од војна.
Вакцинации се планираат и во Египет, Иран, Јордан, Либан, Газа, Западниот Брег, Сирија и Турција. Детската парализа го напаѓа централниот нервен систем.
XS
SM
MD
LG