Достапни линкови

logo-print

Косово- Наскоро ќе бидат познати насилниците од изборите


Министерот задолжен за Косово Александар Вулин изјави дека во наредните денови ќе бидат соопштени имињата на лицата кои предизвикаа инцидент за време на одржувањето на косовските локални избори на 3 ноември.
На три избирачки места во северна Косовска Митровица изборите беа прекинати откако маскирани лица влегоа и ги искршија гласачките кутии. Поради ова гласањето на тие три избирачки места каде што може да гласаат околу 23 000 избирачи, ќе биде повторено на 17 ноември.
XS
SM
MD
LG