Достапни линкови

Богов - Нашите проекции се најточни


Гувернерот Димитар Богов ги презентираше проекциите на НБРМ за наредниот период пред членките на Стопанската комора на Македонија.

Гувернерот Димитар Богов ги презентираше проекциите на НБРМ за наредниот период пред членките на Стопанската комора на Македонија.

Народната банка на Македонија со пооптимистички прогнози за растот на македонската економија од тие на Европската комисија.

Европската комисија предвидува дека растот на македонската економија нема да надмине три проценти до 2015 година. Видно поамбициозни се проекциите на македонската централна банка, од каде очекуваат дека дури догодина домашната економија ќе расте за 3,7 проценти за до 2015 да се достигне проектирана сатапка на раст од 4,4 проценти. Од каде ваквата значајна разлика? Ние работиме со наша методологија, вели гувернерот на Народната банка Димитар Богов.
Ние имаме разлика и со проекциите кои ги прави Министерството за финансии, со нивниот модел, не гледам ништо страшно во тоа.

„Нивниот модел е повеќе регионален и веројатно не е толку детален за секоја земја, додека нашиот е само за Македонија и е многу подетелн, има многу повеќе информации, така што разлики се секогаш можни и постојат, ние имаме разлика и со проекциите кои ги прави Министерството за финансии, со нивниот модел, не гледам ништо страшно во тоа, тоа е конкуренција на идеи, на размислувања, на модел на проекции“, вели Богов.
Мислам дека е најдобро да се водат по нашите проекции, а за движењата во ЕУ по проекциите на Европската комисија.

Гувернерот во своето обраќање пред претставниците на бизнис заедницата во Стопанската комора на Македонија рече дека Народната банка ги смета догодинешните предвидувања за реално остварливи. Имајки предвид дека земјите во Европската унија ни се најголеми трговски партнери, се поставува прашањето чии проекции треба да се следат? Владините, европските или предвидувањата на централната банка? Богов одговара:

„Мислам дека е најдобро да се водат по нашите проекции, а за движењата во ЕУ по проекциите на Европската комисија. Ние во нашите проекции за ЕУ и поединечно за земјите од Европската унија, земаме видувања на аналитичари, т.н. консензус проекции од многу аналитичари и се вади еден просек“, вели Богов.

Според поновите проценки на централната банка, комерцијалните банки повеќе кредитираат население одошто фирми. Бизнисмените забележуваат и на високите каматни стапки за банкарските кредити. Каматите зависат од повеќе фактори, вели Богов.

„Она што е со поголем ризик, помалку ликвидна актива, за тоа банките бараат нешто повисока камата, надградуваат премија за ризик, премија за ликвидност и маржата што треба тие да ја заработат, значи ако ги гледаме исто така и каматните стапки на банките, тие се најниски во историјата.“

Инаку економистите до сега на неколку наврати забележаа дека за значајни осетливи промени во македонската економија потребен е неколкугодишен непрекинат раст од барем 5 пероценти на годишно ниво.
XS
SM
MD
LG