Достапни линкови

Сомалија: големо невреме, стотина загинати


Сомалиските власти соопштија дека страхуваат оти стотина луѓе загинале во големото невреме што го зафати североисточниот дел на земјата. Станува збор за регионот Пунтланд кој бил погоден од поројни дождови и силни ветрови. Овој регион е дом на многумина таканаречени господари на војната и на пиратски банди кои вршат упади на бродови во Индискиот океан. Се наведува дека во Пунтланд своја база имале и милитанти на Ал Шабаб групата која е дел од терористичката мрежа на Ал Каеда.
XS
SM
MD
LG