Достапни линкови

logo-print

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ паушално обвинува за идниот буџет


„СДСМ повторно се обидува да ги манипулира граѓаните и неаргументирано да пласира црни сценарија за Македонија“. Ова се наведува во соопштението на ВМРО ДПМНЕ како одговор на прес конференцијата на потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов во врска со буџетот за 2014 година. Во реакцијата се додава, меѓу другото, дека повторно без елементарни познавања на економската наука и практика се изнесувале невистини и паушални обвинувања. Според Узунов, со предложениот буџет само ќе продолжат да растат задолжувањето, бројот на прекршочни казни и непотребното трошење. „Истовремено како и во 2012 и 2013 година, ќе продолжат да опаѓаат реалните плати, односно куповната моќ на населението“, изјави тој.
XS
SM
MD
LG