Достапни линкови

logo-print

Македонски уметници со „Леб и сол (транзиција ипол)“ во Виена


„Леб и сол (Транзиција ипол)“ е насловена изложбата, што во организација на Националната галерија на Македонија од 8 до 27 ноември, се одржува во Палеи Порциа во Виена, Австрија. На оваа тематска постановка, чиј куратор е Ана Франговска, претставени се дела на 12 наши современи уметници кои донесуваат исто толку видувања на транзициските и половите дискурси во македонското општество денес.

Искра Димитрова, Ирена Паскали, Славица Јанешлиева, Зени Балаќи, Александар Спасоски. Мирослава Микица Трујкановиќ, Таби Азири, Дијана Богдановска, Осман Демири, Гоце Наневски, Велимир Жерновски и Филип Јовановски се 12 македонски уметници чии дела се претставени на изложбата „Леб и сол (Транзиција и пол)“ што од 8 до 27 ноември се одржува во Палеи Порциа во Виена, Австрија.
На крај излегоа доста позитивни реакции за тоа колку интересна тема се презентира од една мала држава каква што е Македонија и дека токму тие теми се горливи и се уште актуелни во голем дел од она што ние го сметаме за апсолвирано за Европа, а да не зборуваме за другите континенти.

Оваа тематска постановка, преку медиумски богатиот концентрат ( од класични слики и скулптури, па се до објекти, фотографии, видеа, инсталации и плакатни решенија), не само што нуди една поопшта слика за актуелностите во македонската современа уметност од последнава деценија, туку што е уште поважно донесува исто толку самосвојни творечки видувања на транзициските и половите дискурси во македонското општество денес.
Дело на Велимир Жерновски.

Дело на Велимир Жерновски.


Ана Франговска, кураторката на изложбата, вели дека овојпат имала идеја да презентира еден пресек од најактуелната млада македонска ликовно-визуелна сцена со една мошне интересна и горлива тематика – апсектот на транзицијата и аспектот на половиот дискурс. Да се преговори за машко-женските односи во последниве 20 години на транзиција, колку тие односи се изместени, за правата на оние кои се чувствуваат поинаку од вообичаеното, за правата и
Дојдовме до констатација дека за истите горливи теми, зад задскриени врати се уште се дискутира некако затскриено, па дури и во Австрија.
чувствата на феминистичките групи, геј заедниците...Таа дополнува дека самото отворање на постановката покажало дека оваа тема е повеќе од актуелна и за една мошне развиена земја како што е Австрија.

„На крај излегоа доста позитивни реакции за тоа колку интересна тема се презентира од една мала држава каква што е Македонија и дека токму тие теми се горливи и се уште актуелни во голем дел од она Дело на Славица Јанешлиева.

Дело на Славица Јанешлиева.

што ние го сметаме за апсолвирано за Европа, а да не зборуваме за другите континенти. И, таму има и транзиции и економски кризи и се уште актуелни дискурси и дискусии за половите односи и предрасуди кон поинаквите во сексуалната определба.“

Франговска истакнува дека присутните на изложбата се интересирале и за тоа дали за овие прашања во Македонија отворено се говори.

„Дојдовме до констатација дека иако навидум стремиме кон нешто што се нарекува слобода на изразување, слобода да се биде тоа што се сака да се биде, да се прифати поинаквиот, да се има поеднакви права без оглед на припадноста и т.н , дека за истите горливи теми, зад задскриени врати се уште се дискутира некако затскриено, па дури и во Австрија. “

Кураторката потенцира дека не само што тематиката била вистински погодок, туку извонредно позитивни мислења биле искажани и за презентираните автори и за нивните дела.

„Се задржуваа на делата на Искра Димитрова, Гоце Наневски, Филип Јовановски, Велимир Жерновски, Микица Трујкановиќ...Секое дело за себе имаше своја приказна која што беше свој засебен аспект на генералната тематика.“

Инаку, зад проектот како организатори стојат Националната галерија на Македонија и Министерството за образование, уметност и култура на Австрија, а неизоставно е да се спомене дека постановката е убаво продолжение на зачната соработка со јулското тематско претставување на современите австриските уметници во Чифте амам во Скопје.

„Првото нешто што произлезе од ваквиот чин на комуникација е тоа што двајца автори кои што беа дел од оваа изложба наскоро ќе бидат повикани да бидат резиденцијални артисти во Виена што е одлична можност за младите македонски творци три месеци да претстојуваат таму, да остварат контакти со колегите и галериите, да творат и да видат каде се на поширок план, а потем и да ги претстават своите дела пред тамошната публика. А, згора на тоа веќе размислуваме и за следното тематско претставување“, ќе рече Франговска.
  • 16x9 Image

    Љупчо Јолевски

    Како новинар, водител и уредник Јолевски во новинарството е безмалку 4 децении. Кариерата ја почнал во Млад Борец на почетокот од 1980-тите. Потем долги години бил во Телевизија Скопје и во Македонското радио - Втора програма, како и во други медиуми. Во Радио Слободна Европа Јолевски е од самиот почеток на емитувањето на програмата на македонски јазик.

XS
SM
MD
LG