Достапни линкови

Дачиќ: жителите на Митровица сами да решат за изборите


Српскиот премиер Ивица Дачиќ

Српскиот премиер Ивица Дачиќ

Српскиот премиер Ивица Дачиќ денеска изјави дека северна Митровица има важно симболично значење за целиот српскиот народ во Косово, дека целиот концепт за Заедница на српски општини се базира на седиштето во тој град и порача дека граѓаните се тие кои треба да решат дали на 17 ноември ќе излезат на повторените локални избори. „Меѓународната заедница ги остави косовските Срби сами да решат и ние ќе го сториме истото. Точно се знае колку Албанците добија и точно се знае колку Срби треба да излезат“, изјави Дачиќ. Тој додаде дека Србија ќе стори се што е во нејзина моќ и оти очекува соработка со УНМИК, ЕУЛЕКС и КФОР, со цел да се спречат сите можни инциденти, притисоци и закани.
XS
SM
MD
LG