Достапни линкови

logo-print

СДСМ: буџетот за 2014, буџет на апатија


Опозициската СДСМ денеска оцени дека наспроти кажувањата на владата дека догодина ќе настапи подобрување во економијата, со предложениот буџет само ќе продолжеле да растат „задолжувањето, бројот на прекршочни казни и непотребното трошење“. „Истовремено како и во 2012 и 2013 година, ќе продолжат да опаѓаат реалните плати, односно куповната моќ на населението“, изјави потпретседателот на СДСМ Ванчо Узунов. Тој ја окарактеризира државната каса за следната година како буџет на апатија, затоа што, како што рече, со проектираниот раст на економијата од 3,2 проценти граѓаните и фирмите не треба да имаат позитивни очекувања.
XS
SM
MD
LG