Достапни линкови

Кери - Иран не ја прифати понудата во Женева


Американскиот државен секретар Џон Кери негираше дека имало несогласување меѓу светските сили поради што не беше постигнат нуклеарен договор со Иран минатата недела во Женева.

Имено се шпекулираше дека Франција имала резервации спрема договорот, но Кери денеска во Абу Даби изјави дека големите сили биле обединети , но дека Иранците не биле во можност да ја прифатат понудата "во тој одреден момент."

Кери рече дека се надева оти договорот би можел да биде завршен за неколку месеци, и оти тој е убеден дека таков договор ќе го заштити сојузникот на САД, Израел. Нови разговори меѓу Иран и шест светски сили се очекуваат на 20 ноември.
XS
SM
MD
LG