Достапни линкови

Светот ќе ја добие или изгуби битката со климатските промени


Координаторот на ОН за климатски промени изјави дека човештвото или ќе ја добие или изгуби битката за намалување на емисиите на стаклени гасови кои предизвикуваат деструктивни климатските промени.
Кристијана Фигуерес ова го порача во Варшава каде што започнаа разговори на владино ниво за постигнување договор за справување со климатските промени во светот.
Состанокот ќе трае до 22 овој месец и треба да бидат усогласени принципите за ограничено испуштањето штетни гасови во атмосферата.
Веќе две децении овие разговори се отежнати со несогласувања меѓу богатите и сиромашните земји околу начините за правично спроведување на мерките за намалување на глобалното затоплување.
XS
SM
MD
LG