Достапни линкови

Хоџај: зад изборните инциденти не стојат само хулигани


Министерот за надворешни работи на Косово Енвер Хоџај изјави за весникот Коха диторе дека одговорноста за спречување на изборниот процес на север во Митровица на 3 ноември не може да се поврзе само со хулигани.
Според весникот, нападот на гласачкото место во северна Митровица бил планиран и стручно организиран од професионалци зад кои стојат илегални структури на Србија.
Тој смета дека и покрај догворот од Брисел, на северот од Косово не функционираат паралелни структури од областа на безбедноста, бидејќи тие целосно се расформирани.
Хоџај вели дека Владата на Косово ја повикува ЕУ детално да го надгледува остварувањето на договорот меѓу двете држави.
XS
SM
MD
LG