Достапни линкови

logo-print

Уништувачката моќ на Хаијан


Околу 10.000 загинати и 9,5 милиони погодени луѓе од тајфунот што викендов ги погоди Филипните. Светот почна да испраќа помош

Светските сили забрзано доставуваат помош на Филипините, каде што се стравува дека има над 10.000 загинати луѓе од тајфунот Хаијан. Според Обединетите нации, околу 9,5 милиони луѓе биле погодени од катастрофата.

Соединетите американски држави, членките на Европската унија, Австралија и Обединетите нации се меѓу оние кои најавија хуманитарна помош.

Се организира испраќање пакети со храна, ќебиња, и засолништа за десетици илјади луѓе. Американското Министерство за одбрана испрати околу 90 маринци и морнари, како и авиони за спасувачки операции.

Турција ќе испрати 65 тони хуманитарна помош на Филипини, каде тајфунот Хаијан усмрти голем број луѓе и предизвика огромна материјална штета, изјави турскиот вицепремиер Бешир Аталај.

Покрај хуманитарната помош Турција ќе испрати и турски персонал за дистрибуција на помошта. Првата хумнанитарна помош од Турција ќе биде испратена со авион денеска истакна Аталај, кој отпатува за Филипини.


Тајфунот, еден од најмоќните што воопшто е снимен, со невидена сила се втурна на Филипините во Југоисточна Азија и донесе огромно уништување.
Бранови морската вода уништуваа згради и предизвикаа масовно давење жители.
Во текот на викендот „Хаијан“ ги опустоши источните филипински острови Лејте и Самар.

Станува збор за еден од најсилните тајфуни кои досега ги погодиле Филипините. „Хаијан“, проследен со ветришта со брзина од преку 300 километри на час, помина преку островската држава во југоисточна Азија.
  • 16x9 Image

    Зоран Ќука

    Во Слободна Европа во Прага е од нејзиното формирање на 1 Септември 2001 година. Кариерата ја започна во Македонското радио, па следат ТВ - А1 и ТВ Телма, со истовремена дописничка работа за Радио и ТВ Босна и Херцеговина, Загребското Независно 101 Радио, и Љубљанското Студент Радио.

XS
SM
MD
LG