Достапни линкови

logo-print

Ваши коментари - Вработување во администрација или странство


Macedonia- airport "Alexander the Great“ in Skopje

Macedonia- airport "Alexander the Great“ in Skopje

Интересни коментари од нашите читатели има во рубриката Хајд Парк на темата што би бил идеален избор за работно место - приватен бизнис, администрација или можеби барање работа во странство?

Што би бил вашиот идеален избор за работно место - приватен бизнис, администрација или можеби барање работа во странство? Ова е нашето прашање во Хајд Паркот на кое, богами, има убави коментари.
Во приватен сектор си постојано под стрес, изложен си на мобинг, на работно време по желба на газдата.

Особено оној на Перо од Скопје, кој дал детално образложение зошто, без никакво размислување, како што вели, би избрал странство. Во приватен сектор си постојано под стрес, изложен си на мобинг, на работно време по желба на газдата. Сопствен бизнис, вели Перо, нема шанса ако не си близок до владејачката структура, ќе те прегазат фирми блиски на власта, а се занимаваат со истовиден бизнис, постојано контроли, казни... Администрација, ако си партиски војник, пак ќе бидеш под постојан притисок, за избори работа на терен, поднесување на оние познати списоци на гласачи, на повик секогаш спремен за некој контра-протест. Перо прочитал некаде дека дневно во странство одат по 3 до 4 наши граѓани и потсетува: кога би имале направено попис, како сите нормални држави ќе знаевме точно не само за оваа приморана селидба, туку и за многу други работи.

Што би бил вашиот идеален избор за работно место - приватен бизнис, администрација или можеби барање работа во странство? Погледнете ја анкетата, а вашите коментари може да ги оставите овде.
Веќе редовниот Пиле ја коментира видео-анкетата па вели: Скромни луѓе, се разбира прво работно место министер, ако не и премиер, директор на Царина, или на некое јавно претпријатие. Ако не познаваш ништо од ресорот, важно е да се слуша лидерот, вели Пиле.
Скромни луѓе, се разбира прво работно место министер, ако не и премиер, директор на Царина, или на некое јавно претпријатие.

Некој потпишан Од странство го дава своето видување на тоа каде спаѓаат Македонците како работна сила надвор од земјава. Најголем процент се ниска класа, работат работи што другите странци не сакаат, помалку се платени од локалните работници, плус кирија изгор треба да плаќаат. Со кого се дружат Македонците во странство? Со другите доселеници, Црнци, Арапи, Албанци, тоа е кругот на пријатели, пишува тој Од странство.

Во врска со нашиот текст „Долга серија афери од партиските кујни“, Миле од Охрид повторно нè напаѓа дека Радио Слободна Европа е расадник на таленти по антимакедонски студии, како што пишува. Владо му одговара на Пиле, кој смета дека треба да се формира влада на национален спас, дека наредните избори ќе покажеле дека опозицијата е непожелна на политичката сцена и дека нивната моќ ќе се сведела на само неколку пратеници. И пак против новинарите на нашево Радио дека сме биле само ситни играчи на некој „моќник“ и сме морале да играме како што ни се свири зашто во спротивно ќе сме биле надвор и никој и ништо.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG