Достапни линкови

logo-print

Во Подгорица состанок за медиуми од Западен Балкан


Во Подгорица денеска почнува тридневна конференција за медиумите на Западен Балкан на која ќе учествуваат повеќе од 150 новинари и медиумски експерти од регионот, САД и Европската унија. Собирот „Збор, фотографија или непријател“, според најавите, ќе се фокусира врз политичката инструментализација на медиумите, односно користењето медиуми за лични, политички и бизнис цели. Конференцијата ја организираа неколку новинарски здруженија и организации. Поддршка даде и црногорското Министерство за култура, што дел од медиумите го оквалификуваа како „режија“ на црногорските власти.
XS
SM
MD
LG