Достапни линкови

logo-print

Сириската опозиција согласна за Женева 2


Главната сириска опозициона група подржана од Запад соопшти дека ќе присуствува на мировната конференција наречена Женева 2.
Ова денеска го соопшти групата Сириска Национална Коалиција во Истамбул. САД и Русија се обидуваат да ги доведат на маса страните во конфликтот до крајот на оваа година.
Условот на Коалицијата е сириската влада да отвори хуманитарен коридор за опколените зони под контрола на опозицијата и да ги солободи затворениците, посебно жените и децата.
Опозицијата ,исто така, бара Башар ал Асад да нема улога во транзиционата влада. Во конфликтот во Сирија, кој почна во 2011, досега загинаа над 100 илјади луѓе.
XS
SM
MD
LG