Достапни линкови

Грчката влада го преживеа гласањето доверба


Илустрација: Грчкиот парламент.

Илустрација: Грчкиот парламент.

Грчката коалициска влада ноќеска го преживеа гласањето доверба што го поднесе левичарската опозиција СИРИЗА. Против соборување на владата гласаа 153 од 300 пратеници. По гласањето, коалицијата на премиерот Андонис Самарас исклучи еден пратеник од ПАСОК кој гласаше за пад на владата. Во пресрет на гласањето илјадници луѓе се собраа на антивладин протест пред грчкиот парламент во Атина. СИРИЗА ја поднесе иницијативата за гласање доверба на владата во четвртокот, откако полицијата упадна во сега затворената државна телевизија ЕРТ, која пет месеци беше окупирана од поранешните вработени. Опозицијата се противи на владините политики на штедење во замена за меѓународните пакети за спас на Грција од банкрот.
XS
SM
MD
LG