Достапни линкови

Шефот на МААЕ во посета на Техеран


Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукиа Амано.

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукиа Амано.

Шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија Јукиа Амано денеска доаѓа во посета на Техеран во насока на унапредување на истрагата за наводите дека Иран се обидува да направи атомска бомба. Неговата посета се случува откако тридневните преговори за нуклеарната програма на Техеран меѓу Иран и светските сили во Женева завршија без договор. Нови разговори за закажани за 20 ноември. Амано изјави дека се надева оти неговите разговори во Техеран ќе дадат конкретни резултати. Западот го обвинува Иран дека се обидува да направи атомска бомба, но Техеран тврди дека неговата нуклерна програма е исклучиво цивилна.
XS
SM
MD
LG