Достапни линкови

Странските работници бараат репатријација од Саудиска Арабија


Илустрација: Ријад.

Илустрација: Ријад.

Илјадници, претежно африкански работници вчера се собраа во главниот град на Саудиска Арабија, Ријад, барајќи репатријација по судирите меѓу работниците и саудиските безбедносни сили во кои беа убиени еден саудиски државјанин и еден работник со непознато потекло, а 68 луѓе беа повредени. Барањето за репатријација доаѓа откако стотици странски работници, кои беа барикадирани во сиромашен дел на Ријад ѝ се предадоа на полицијата за да ги прекинат насилствата. До судирите дојде четири дена откако еден Етиопиец беше убиен во тој дел на градот при полициска рација против нелегални работници. Саудиските власти минатиот понеделник почнаа широка кампања за расчистување со нелегалните странски работници по седуммесечната амнестија за мигрантите чии работни дозволи истекле или пак не работат за нивниот официјален спонзор.
XS
SM
MD
LG