Достапни линкови

Убиен иранскиот заменик министер за индустрија


Иранскиот заменик министер за индустрија, рудници и трговија, Сафдар Рахмат Абади.

Иранскиот заменик министер за индустрија, рудници и трговија, Сафдар Рахмат Абади.

Неидентификуван напаѓач синоќа го застрела иранскиот заменик министер за индустрија, рудници и трговија, Сафдар Рахмат Абади, објави иранската државна новинска агенција ИРНА. Тој бил погоден во главата и во градите додека бил во својот автомобил во Техеран. Полициски функционер за ИРНА изјавил дека веројатно двата истрели биле испукани од внатрешноста на автомобилот, што значи дека заменик министерот бил убиен од неговиот сопатник. Според полицијата, во возилото биле пронајдени две чаури.
XS
SM
MD
LG