Достапни линкови

Приватните училишта во Пакистан ја забранија книгата на Малала


Приватните училишта во Пакистан забранија во нивните библиотеки да ја има книгата на малолетната активистка за образование Малала Јусуфзаи, која беше застрелана од талибанците во 2012 година. Шефот на Федерацијата на сите пакистански приватни училишта, Кашиф Мирза, обвини дека книгата „Јас сум Малала“ има антиисламска и антипакистанска содржина. Според функционери од приватните училишта, Малала е промовирана од западните сили поради нивни интереси. Тие велат дека книгата не покажува соодветно почитување за пророкот Мухамед, како и дека има позитивни зборови за писателот Салман Ружди кој е обвинет од радикалните исламисти поради бласфемија во неговата книга „Сатански стихови“.
XS
SM
MD
LG