Достапни линкови

logo-print

Кети Пери најдобра, вниманието кон Мајли Сајрус


Американските ѕвезди Кети Пери и Еминем се големите победници на МТВ Европските музички награди 2013, што се одржаа синоќа во Амстердам. Пери, во конкуренција на Лејди Гага и Мајли Сајрус, ја доби наградата за најдобра пејачка, иако младата Малји Сајрус привлече најголемо внимание на случувањето кога на сцената запали нешто што изгледаше како цигара со марихуана. Еминем ја доби наградата „Глобална икона“ за животно дело, како и годинашната награда за најдобра хип-хоп изведба. Канадската ѕвезда Џастин Бибер четврта година по ред е најдобар пејач.
XS
SM
MD
LG