Достапни линкови

Хуманитарни пакети за сиромашните охриѓани


Црвениот крст и Општина Охрид поделија 150 пакети со производи за лична хигиена и прехранбени артикли за сиромашните граѓани.

Џемиле Ибраими од Охрид е мајка на шест малолетни деца, четири ќерки и двајца синови. Тие како и стотина други охриѓани едвај сврзуваат крај со крај. Вели дека живеат во една соба, без основните услови за живот и дека не примаат социјална помош. Џемиле доби пакет со прехранбени производи по повод неделата на борба против гладот од страна на Охридскиот црвен крст и Општина Охрид. Но, вели дека ова не е доволно, потребна ѝ е работа, како и сигурен покрив над главата. На кратко ни раскажа како и од што живее.
Имам четири машки деца и две ќерки. Не работиме и собираме само железо. Од тоа заработуваме 200-300 денари на ден и тоа зависи ако земеме железо, а ако не, здравје. Направивме документи за социјална помош, но сè уште нема ништо од тоа.

„Не земаме социјална помош, имаме само една соба. Имам четири машки деца и две ќерки. Не работиме и собираме само железо. Од тоа заработуваме 200-300 денари на ден и тоа зависи ако земеме железо, а ако не, здравје. Направивме документи за социјална помош, но сè уште нема ништо од тоа“, вели таа.

Во Охрид беа поделени 150 пакети со производи за лична хигиена и прехранбени артикли. Охридскиот градоначалник Никола Бакрачески рече дека тие како локална самоуправа и понатаму ќе работат на помагање на социјално загрозените семејства во Охрид.
Се надевам дека во иднина ќе создадеме услови истите тие семејства да имаат можност по некоја основа да дојдат до одредени приходи со кои сами ќе можат да се издржуваат.

„Се надевам дека во иднина ќе создадеме услови истите тие семејства да имаат можност по некоја основа да дојдат до одредени приходи со кои сами ќе можат да се издржуваат. Тоа е нашата крајна цел. Крајна цел не е да доделуваме хуманитарни пакети. Основна цел со која ќе се справиме со сиромаштијата во Охрид е да го подигнеме локалниот економски раст во Охрид и да креираме нови работни места“, рече Бакрачески.

Сашо Точков претседател на Црвен крст од Охрид вели дека дел од хуманитарните пакети ќе бидат донирани и на други места.

„Дел од Хуманитарните пакети ќе бидат донирани во Здружението на лица со пречки во развојот Зраци, Здружението на лица заболени од церебрална парализа, и на лица со попречен слух и вид. Соработката со локалната самоуправа во делот на социјалата е на ниво“, рече Точков.

Во донирање на хуманитарни пакети се вклучи и Лајонс клубот Десарети од Охрид. Претседателот на клубот Иво Захариевски рече дека ќе се обидат во иднина уште повеќе да им помагаат на оваа категорија на нивни сограѓани.

„Ова е шеста по ред акција во која се вклучуваме во светската недела. Инаку пакетите се составени по терк на светската здравствена организација и содржат комплет намирници неопходни за потребите на едно четиричлено семејство за еден месец“, рече Захариевски.
XS
SM
MD
LG