Достапни линкови

Европски сателит ноќеска треба да се урне во океанот


Илустрација.

Илустрација.

Европската вселенска агенција соопшти дека еден од нејзините сателити кој остана без гориво најверојатно ќе се урне ноќеска во океанот или во поларните области на земјата. Агенцијата соопшти дека сателитот ќе се распадне при падот и оти само неколку парчиња не потешки од 90 килограми може да стигнат до земјата. Експертите велат дека статистичкиот ризик за луѓето е премногу мал. Сателитот беше лансиран во 2009 година да ги следи гравитациските варијации на нивото на морињата. Снема гориво на 21 октомври годинава. Сателитот издржа во вселената два пати подолго од планираното.
XS
SM
MD
LG