Достапни линкови

logo-print

Битолчани бараат одговорно здравство


Клиничка болница во Битола.

Клиничка болница во Битола.

Во битолската болница каде за неполни три месеци починаа тројца пациенти кои претходно беа лекувани. Граѓаните бараат сериозна истрага.

Битолчани се во исчекување на резултатите од внатрешната истрага што ја покрена Министерството за здравство во битолската болница каде за неполни три месеци починаа тројца пациенти кои претходно беа лекувани. Граѓаните бараат детална истрага, јавност на резултатите и одговорност доколку се покаже дека имало евентуален пропуст.
Ова е жалосна работа бев таму на една операција, но тешко на оној кој го праќаат таму.

„Ова е жалосна работа бев таму на една операција, но тешко на оној кој го праќаат таму. Од што нема каде секој бара помош, некој лек, мил живот, секој да гледа бело видело. Дали лекарите не презеле мерки или било нешто друго? Требало некој да одговара, а не така, дај му го лекот, дали ќе бил за него или не, отиде човекот. Ај погрешно, погрешно, утре за друг.“

„Системот ни е тој, во сите сегменти имаме од време на време некои такви скандали, афери.“
Немојте да им создаваме паника дека лекарите се ова или она. Немојте да поврзувате случаи еден со друг. Секој организам е за себе, со своја генетика и проблеми.

„Детето му отиде за десетина дена, катастрофа невидена“, коментираат битолчани.

Од битолската болница ги обвинија новинарите дека во јавноста создаваат лоша слика за институцијата, поврзувајќи ги случаите еден со друг, иако, како што вели директорот Василе Најдовски, секој случај е засебен.

„Секој организам е индивидуа а себе. Ќе ве замолам во името на граѓаните на Битола и на вработените, дневно врват преку 1000 души на преглед, немојте да им создаваме паника дека лекарите се ова или она. Немојте да поврзувате случаи еден со друг. Секој организам е за себе, со своја генетика и проблеми. Не е коректно кон пациентите и нивната мака“, изјави Најдовски.

Првиот смртен случај беше во август кога пациентот Јорго Ангелевски наместо инфузионен раствор доби средство за дезинфекција во болницата. Потоа од мозочен удар почина 29-годишниот Пеце Стојчевски од Кравари, кој десет дена беше хоспитализиран во болницата. Деновиве, 71-годишен жител од Демир Хисар почина од стомачно крвавење на пат за дома, иако претходно бил во болница.

„Во сите болници во светот има протоколи, патеки со кои медицинските лица се служат. Секој пациент што ќе дојде да се пожали се упатува на преглед. Во сите три случаи е направено сè што треба. Има болести кои не се достапни во секој момент да ги регистрираме“, изјави директорот на болницата.
  • 16x9 Image

    Жанета Здравковска

    Родена во Битола на 15.01.1977 година. Дипломирала на Педагошкиот факултет во Битола во 1999 година, а магистерски студии завршила на постдипломските студии по менаџмент на човечки ресурси на Институтот за социолошки и политичко- правни истражувања во Скопје. Работела како новинар во повеќе локални редакции во Битола, а за Радио Слободна Европа известува од 2002 година. 

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG