Достапни линкови

logo-print

Република Српска бара затворање на Канцеларијата Инцко


Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Валентин Инцко.

Високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина, Валентин Инцко.

Владата на Република Српска најави дека ќе испрати барање до Советот за безбедност на ОН за затворање на Канцеларијата на високиот претставник на меѓународната заедница во Босна и Херцеговина. Во соопштението на Владата во Бања Лука се нагласува дека ова меѓународно тело „претставува главна пречка за политичкиот напредок и европската интеграција на БиХ“.

„Присвојувањето на буквално неограничени политички надлежност од страна на високиот претставник во Босна и Херцеговина е правно неодржливо, а неговото останување го гуши демократскиот развој на Босна и Херцеговина“, се наведува во соопштението.

Барањето од Бања Лука доаѓа по објавувањето на редовниот извештај на високиот претставник на меѓународната заедница во БиХ, Валентин Инцко до генералниот секретар на ОН, во кој се оценува дека во земјата продолжува политичката блокада, поради што таа доцни во европските интеграции зад своите соседи.
Инцко посочува дека во БиХ има проблеми во сферата на владеењето на правото, постојат политички притисоци врз судството и властите не ги почитуваат одлуките на Уставниот суд.

„Локални лидери продолжуваат со јавно и директно оспорување на Дејтонскиот договор, како и на територијалната целовитост на Боска и Херцеговина“, смета Инцко, додавајќи дека таквите изјави се контрапродуктивни и ја заголемуваат политичката нестабилност на земјата.
XS
SM
MD
LG