Достапни линкови

Либерман се враќа на чело на израелската дипломатија


Авигдор Либерман, министер за надворешни работи на Израел.

Авигдор Либерман, министер за надворешни работи на Израел.

Израелската влада го одобри враќањето на ултранационалистичкиот политичар Авигдор Либерман на позицијата министер за надворешни работи, скоро една година откако тој даде оставка да ја докаже својата невиност во обвинение за корупција. Минатата недела Либерман беше ослободен од обвинеинето. Враќањето на функцијата официјално ќе се случи в понеделник кога Либерман треба да положи заклетва. Тој си даде оставка во декември 2011 откако беше обвинет дека примал мито. Во изминатава година по неговата оствака, функцијата министер за надворешни работи ја вршеше премиерот Бенјамин Нетанјаху. Либерман е претседател на партијата Беитеину, која е во коалиција со партијата Ликуд на Нетанјаху.
XS
SM
MD
LG