Достапни линкови

Јосиф Лешочки - Владика на Кумановско--осоговската епархија


Илустрација.

Илустрација.

Досегашниот епископ Лешочки Јосиф од денеска официјално е првиот митрополит на новоформираната Кумановско-осоговска епархија. Со света архиерејска литургија со која чиноначалствуваше архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан денеска во соборниот храм Свети Никола во Куманово се одржа чинот на интронизација на досегашниот епископ Јосиф Лешочки во митрополит на новата епархија. Светиот Синод на Македонската православна црква на една од седниците одлучи да ја подели полошко-кумановската епархија од која произлегоа две нови епархии, Кумановско-осоговската со седиште во Куманово и Тетовско-гостиварската со седиште во Тетово.
XS
SM
MD
LG