Достапни линкови

Хејг - Договорот за иранската нуклеарна програма е на дофат


Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг.

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг.

Британскиот министер за надворешни работи Вилијам Хејг изјави дека договорот меѓу светските сили и Иран за спорната нуклеарна програма на Техеран е на дофат. Хејг денеска за Би-Би-Си изјави дека е клучно да се задржи динамиката, зашто „договорот е на маса и може да биде постигнат“. Тој рече дека има големи шанси договорот да биде постигнат во наредните неколку недели, но оти тешките преговори допрва следуваат. Претходно, иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Техеран нема да се откаже од своите нуклеарни права, вклучително и од збогатувањето ураниум. Тридневните меѓународни разговори за иранската нуклеарна програма вчера во Женева завршија без договор. Техеран и шесте светски сили – САД, Велика Британија, Русија, Кина, Франција и Германија, треба повторно да разговараат на 20 ноември.
XS
SM
MD
LG