Достапни линкови

logo-print

Индискиот премиер ја бојкотира средбата на Комонвелтот во Шри Ланка


Индискиот премиер Манмохан Синг.

Индискиот премиер Манмохан Синг.

Индискиот премиер Манмохан Синг нема да учествува на средбата на лидерите на земјите од Комонвелтот во Шри Ланка оваа недела, поради неуспехот на оваа островска земја да се справи со обвинувањата за воени злосторства против малцинските Тамили. Индиски претставници денеска соопштија дека одлуката официјално ќе биде соопштена утре. Синг е вториот лидер по канадскиот премиер Стивен Харпер што ќе ја бојкотира средбата на 53 лидери на земјите од Комонвелтот, поранешни британски колонии, од 15 до 17 ноември. Њу Делхи бара од властите во Шри Ланка да ги продолжат преговорите со партијата на етничките Тамили за зголемување на автономијата за Тамилите на северот на Шри Ланка.
XS
SM
MD
LG