Достапни линкови

logo-print

Сервер - Црна Гора и Македонија заедно во НАТО


Даниел Сервер, политичкиот аналитичар од Вашингтон и експерт за Балканот.

Даниел Сервер, политичкиот аналитичар од Вашингтон и експерт за Балканот.

Црна Гора и Македонија треба истовремено да станат членки на НАТО, смета политичкиот аналитичар од Вашингтон и експерт за Балканот Даниел Сервер. Како што изјави денеска Сервер за Телевизија Црна Гора, овие земји одат заедно, не зашто зависат една од друга, туку бидејќи двете треба да бидат членки на Алијансата.

„Црна Гора е блиску до исполнување на критериумите за членство во НАТО, но сметам дека Подгорица и Скопје треба истовремено да ѝ пристапат на Алијансата. Никогаш не знаете кога ќе се отворат вратите на НАТО. Може да ги исполните сите услови, а вратата да не се отвора неколку години од политички причини“, рече Сервер.

Тој изрази надеж дека Германија која, според него, треба да игра водечка улога на Балканот, ќе ја увиди предноста од членство на Македонија и Црна Гора во НАТО и дека ќе инсистира на тоа на самитот следната година во Лондон.

„Германија би требало да помогне во потенцирањето на тоа прашање зашто не можете да се потпрете на Американците кои треба да ги решаваат Иран, Сирија и Северна Кореја“, истакна Сервер за телевизија Црна Гора.
XS
SM
MD
LG