Достапни линкови

logo-print

Неделен печат - самоизолација, дијагнози и евроинтеграции


Глобус ја пренесува анализата Македонија: помеѓу самоизолацијата и евроатлантските интеграции, Фокус пишува за дијагнозата за власта на невропсихијатарот Мицко Дудучки, а Република за средбата Нимиц - Меркел.

Глобус - Македонија: помеѓу самоизолацијата и евроатлантските интеграции
Во Македонија политичарите се со посебни потреби зашто добиваат сериозни психијатриски дијагнози како оправдување да добијат отштета за навреда и за клевета.

Сегашната Влада на чело со актуелниот премиер води кон самоизолација, непотизам, осиромашување, невработеност, девалвација на општеството во сите сегменти, нетранспарентност, само формално постоење на повеќепартиски систем, корупција... За пет години, администрацијата е зголемена од 70 на 170 илјади лица! Ова е Премиерот Никола Груевски го прими Таулант Цапа, човекот кој фрлаше јајца врз автомобилот на премиерот во Тирана минатата година. Скопје, Македонија, 04.11.2013.

Премиерот Никола Груевски го прими Таулант Цапа, човекот кој фрлаше јајца врз автомобилот на премиерот во Тирана минатата година. Скопје, Македонија, 04.11.2013.

дел од анализата „Македонија: помеѓу самоизолацијата и евроатлантските интеграции“, на Меѓународниот институт ИФИМЕС за блискоисточни и балкански студии во Љубљана, Словенија, кој редовно ги анализира случувањата на Блискиот Исток и на Балканот, направена по објавувањето на редовниот извештај на ЕК за напредокот на државата, што ја пренесува најновиот он-лајн магазин Глобус.
Посетата на Дорис Пак, која е од истата партија на канцеларката Меркел два дена пред средбата на Меркел со Нимиц е да се информира токму за проблемот и за евроинтеграциите.

Во анализата се наведува и дека официјално невработеноста е 28 отсто, но дека тоа не е реалната слика затоа што Владата на Груевски не создава услови за создавање нови работни места, туку бројот на вработени е зголемен поради нивното вработување во администрацијата и затоа што е променета методологијата на пресметка на невработеноста, исто како и методологијата за пресметка на просечната плата, наведува покрај другото ИФИМЕС.

Фокус - Во Македонија политичарите се со посебни потреби

Фокус оди со најава на интересни теми на насловната: „Кој ѝ подари „Џејмс Бонд“ пиштол на министерката Јанкулоска“ и дијагнозата за власта на невропсихијатарот Мицко Дудучки од Куманово, кој работел на Воено-медицинската академија во Белград. Тој дијагностицира дека во Македонија политичарите се со посебни потреби зашто добиваат сериозни психијатриски дијагнози како оправдување да добијат отштета за навреда и за клевета, а дека државата е со пречки во развојот. Во уводникот, пак, Фокус прави метафора на владеењето на Груевски со владеењето на покојниот претседател на Туркменистан, Нијазов, за потоа да заклучи дека на сите веќе треба да им е јасно зошто мораше да се „убие“ популарниот ТВ проект „К-15“: со нивните пародии, пишува неделникот, тие беа сериозна конкуренција на актуелната Влада. Само Цацко, Миле и Тошо би можеле да склепаат скеч каде што Цапа јајцегаѓачот од Тирана ќе биде примен во кабинет на премиерот! Кој е тука луд, а кој збунет? - прашува Фокус.

Република - Нимиц во Берлин - Самарас во цајтнот

Темата на неделата на Република се однесува на ненадејната средба Нимиц-Меркел, па се најавува и на насловната: „Нимиц во Берлин - Самарас во цајтнот“. Неделникот ја форсира тезата дека е во тек „Германска офанзива за името“ наведувајќи дека и посетата на Дорис Пак, која е од истата партија на канцеларката Меркел и блиска со канцеларката, два дена пред средбата на Меркел со Нимиц, била со таа намена: да се информира токму за проблемот и за евроинтеграциите.
  • 16x9 Image

    Горица Попова

    Родена е во Кочани, дипломирала во 1976 год. на Филозофскиот факултет во Скопје. Како новинар работи над 30 години. Почнала во Македонско радио- Радио Скопје во 1978 год. Од јуни 2009 год. е соработник на Радио Слободна Европа.

Покажи ги коментарите

XS
SM
MD
LG