Достапни линкови

Ослободен американски новинар во Венецуела


Американската амбасада во Каракас.

Американската амбасада во Каракас.

Властите на Венецуела го ослободија американскиот новинар Џим Вис од весникот Мајами Хералд. Тој беше уапсен во четвртокот во близина на границата со Колумбија. Американскиот весник денеска објави дека нивниот новинар е ослободен од притвор во Каракас и оти е предаден во американската амбасада. Според Мајами Хералд, Вас работел на приказна за економијата во Венецуела во пресрет на локалните избори во декември. Венецуелските власти не соопштија зошто бил уапсен новинарот и дали се соочува со некакви обвиненија. Администрацијата на претседателот Николас Мадуро претходно ги обвини западните медиуми за вмешаност во кампања за дестабилизација на социјалистичката влада.
XS
SM
MD
LG