Достапни линкови

Судири меѓу полицијата и странските работници во Саудиска Арабија


Илустрација.

Илустрација.

Двајца луѓе загинаа, а 68 се повредени во синоќешните судири меѓу странските работници и саудиските безбедносни сили во главниот град Ријад, објави официјалната новинска агенција, СПА. Полицијата уапсила повеќе од 560 демонстранти кои синоќа се забарикадирале во сиромашниот кварт Манфуха во Ријад. Портпаролот на полицијата на Ријад, бригадниот генерал Насер ал-Катани изјави дека демонстрантите се претежно странски работници кои се соочуваат со депортација. Минатата недела Саудиска Арабија почна да ги казнува странските работници, откако заврши финалната амнестија која имаше за цел десетици илјади странски работници во земјата да го регулираат својот статус во земјата.
XS
SM
MD
LG