Достапни линкови

Иран не се откажува од збогатувањето ураниум


Нуклеарната централа Бушер во Иран.

Нуклеарната централа Бушер во Иран.

Иранскиот претседател Хасан Рохани изјави дека Техеран нема да се откаже од своите нуклеарни права, вклучително и од збогатувањето ураниум. Тоа се црвените линии што не смеат да се пречекорат, рекол денеска Рохани пред парламентот во кој доминираат конзервативците, пренесува иранската новинска агенција ИСНА. Тој вели дека нуклеарните права на Техеран во рамките на меѓународните регулативи вклучуваат и „збогатување на иранска почва“. Неговите забелешки доаѓаат откако меѓународните разговори за иранската нуклеарна програма вчера во Женева завршија без договор. Техеран и шесте светски сили – САД, Велика Британија, Русија, Кина, Франција и Германија, треба повторно да разговараат на 20 ноември. Американскиот државен секретар Џон Кери изјави дека на разговорите во Женева имало напредок, но предупреди дека шансата за дипломатско решение нема вечно да остане отворена.
XS
SM
MD
LG