Достапни линкови

Иран го почна производството на новиот ракетен систем Сајад 2


Илустрација.

Илустрација.

Иранскиот министер за одбрана отвори погон за производство на најновиот ракетен систем на земјата. Министерот Хосеин Декан изјави дека системот Сајад 2 е потребен за да спречување воздушни напади на земјата, пренесува новинската агенција Фарс. Декан изјави дека системот може да уништи различни видови крстосувачки ракети, бомбардери, беспилотни летала и хеликоптери. Декан не кажа колкав е опсегот на системот кој првпат беше тестиран во 2011 година. Претседателот Хасан Рохани неодамна изјави дека оружјето е целосно дефанзивно. САД и Израел не исклучуваат воена акција против Иран поради спорната нуклеарна програма.
XS
SM
MD
LG