Достапни линкови

Кери и Рама разговарале за уништување на сириското хемиско оружје


Албанскиот премиер Еди Рама.

Албанскиот премиер Еди Рама.

Албанскиот премиер Еди Рама и државниот секретар на САД Џон Кери телефонски разговараа за предлозите за уништување на сириското хемиско оружје во Албанија, соопшти шефот на албанската дипломатија Дитмир Бушати на седница на парламентарната Комисија за надворешна политика. Сепак, како што јави дописникот на МИА, Бушати не даде детали околу содржината на телефонскиот разговор на Рама и Кери.

Опозицијата и повеќе невладини организации во Албанија се спротивставуваат на најавите за уништување на сириско хемиско оружје во земјата. Притисокот врз Владата на Рама продолжува и добива на интензитет и во дел на албанските медиуми.

Претседателот на албанскиот Парламент Илир Мета пред два дена изјави дека неговата земја нема капацитети за уништување на хемиското оружје на Сирија.
Во Тирана веќе се одржаа протести на невладини организации кои се противат на идејата за уништување на сириското хемиско оружје во Албанија.
XS
SM
MD
LG