Достапни линкови

logo-print

Јанукович повторно на разговори со Путин


Претседателите на Русија и на Украина, Владимир Путин и Виктор Јанукович.

Претседателите на Русија и на Украина, Владимир Путин и Виктор Јанукович.

Украинскиот претседател Виктор Јанукович ја посетува Русија за да разговара со претседателот Владимир Путин втор пар за помалку од две недели. На интернет страната на украинскиот претседател е објавено дека Јанукович в понеделник во Москва ќе разговара за билатералните трговски и економски односи „во пресрет на Самитот на Источното партнерство што треба да се одржи во Вилнус на крајот на ноември“. Украина може да ја потпише Спогодбата за асоцијација со ЕУ на Самитот, чекор на кој Москва жестоко се спротивставува. Русија сака, наместо тоа, Украина да се придружи на Евроазиската царинска унија предводена од Москва. Јанукович и Путин разговараа во Минск на 25 октомври на маргините на Самитот на лидерите на Заедницата на независни држави. Тие повторно се сретнаа во Сочи на 27 октомври.
XS
SM
MD
LG