Достапни линкови

logo-print

Трет ден разговори во Женева за иранската нуклеарна програма


Претставници на меѓународната заедница и на Иран денеска во Женева трет ден по ред разговараат за спорната нуклеарна програма на Техеран. Министрите за надворешни работи на САД, Франција, Германија, Велика Британија, Русија и Кина допатуваа во швајцарскиот град да им дадат динамика на разговорите што почнаа во четвртокот. Портпаролот на шефицата за надворешна политика на ЕУ, Кетрин Ештон, изјави дека таа вчера се сретнала со министрите за надворешни работи на Иран и на Франција, Мохамед Џавад Зариф и Лорен Фабиус. Претставниците на преговарачите велат дека остануваат сериозни разлики и дека е тешко веројатно денеска да се постигне договор. Иранскиот амбасадор во Меѓународната агенција за атомска енергија(МААЕ), Реза Наџафи, изјави дека Иран очекува да потпише договор со Агенцијата за време на посетата на претседателот на МААЕ, Јукиа Амано, на Техеран в понеделник.
XS
SM
MD
LG